Полицијата открила шеснаесет мигранти во село Табановце и Лојане, информираше МВР.
Според полицијата, вчера околу 7.35 часот на автопатот Табановце- Куманово автомобил „мерцедес“ не застанал на даден знак и се упатил кон граничниот премин Табановце.
-По преземени мерки, во 8.20 часот во село Табановце, на место викано „Чивлук“, бил пронајден „мерцедесот“, сопственост на М.А.(28) од село Батинци, а во негова близина била пронајдена и група од десет мигранти од кои шест од Пакистан и четворица од Сирија. Дополнително, во близина на село Лојане биле пронајдени пет мигранти од Ирак и еден од Иран. Миграните биле пренесени во транзитниот центар Табановце. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.