Фудбалерите на Челси минатиот викенд го претрпеа еден од најтешките порази во историјата на клубот – на гостувањето на „Етихад“ кај Манчестер Сити беа декласирани со 6:0.
На удар на навивачите на Челси се сите играчи после катастрофалниот пораз, но сега се појави видео на кое што се гледа можеби и главниот виновник за првиот гол на Манчестер Сити.
Имено, како што може да се види , Маркос Алонсо беше ужасно позициониран и тргна да чува фудбалер кој што веќе беше чуван од неколку дефанзивци на Челси. Со тоа, Алонсо му отвори простор на Бернардо Силва, чија што одбиена топка заврши во нозете на Стерлинг, па во мрежата на Челси.