Студентите од „Пелагонија“ си го исчистија ѓубрето

Студентите кои престојуваат во домот „Пелагонија“ во Кисела Вода сами ја исчистија депонијата со смет која беше создадена во дворот во делот кај таканарешената женска зграда, поради тоа што сметот го фрлале низ прозорците.

За денеска во 13 часот беше најавена акција на ЈП Комунална хигиена за собирање на сметот и расчистување изворот на зараза под прозорците.

Остри критики во јавноста за нехигиената, немањето свест и неодговорност предизвика објавувањето на фотографијата на социјалните мрежи на која беше прикажана депонијата во дворот на студентскиот дом.

Треба да знаете
Последни објави