Специјален советник на францускиот претседател Емануел Mакрон, Исмаил Емелиен, соопшти дека поднесува оставка на функцијата, откако ја прекрши забраната на шефот на државата за објавување авторски книги, јави дописникот на МИА.
Имено, наскоро од печат треба да излез книга за прогресизвизмот, на која Емелиен е коавтор.
Макрон, по доаѓањето на функцијата, им забрани на неговите советници да објавуват книги додека работат во Елисејската палата.
Емелиен во интервју за списанието „Ле Поант” нагласи дека неговата оставката ќе стапи во сила кон крајот на март или почетокот на април.
Трисетгодишниот Емелиен важи за еден од најблиските соработници на Maкрон и негов главен стратег и „автор на идеи”.
Тој вториот близок соработник на претседателот кој ја напушти Елисејската палата од почетокот на годината. Пред него, на почетокот на јануари, поради „лични причини”, оставка поднесе и
директор за комуникации на Елисејската палата, Силван Фор, кој беше еден од најблиските соработници на Макрон уште пред да биде избран за претседател.