Спасувачи во јужноафриканскиот град Дурбан, по тричасновна акција успеале да извлечат новороденче од одвод, објави Би-би-си.
Минувачи го слушнале плачот на детето и ги контактирале надлежните служби. За да стигнат до бебето, спасувачите ја ископале областа околу каналот.
Болничарите веднаш го прегледале бебето и го пренеле во главната болница во градот.
Докторите рекле дека бебето имало блага хипотермија, губење на телесната топлина и неколку модринки и исекотини.
Полицијата испитува како новороденето девојче завршило во градскиот одвод и кои се нејзините родители.