Еден поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп нападна снимател на Би-Би-Си за време на митингот на претседателот во Ел Пасо, на границата со Мексико.
Како што јави Би-Би-Си, маж, кој носел качкет со слоганот „Да ја направиме Америка поголема”, го туркал и пцуел снимателот Рон Скинс, пред да биде отстранат од обезбедувањето.
Скинс изјави дека „бил турнат многу силно”, дека не го забележал моментот кога човекот тргнал кон него и дека не знал што се случува.
Трамп го видел нападот и веднаш реагирал, кревајќи го палецот за да провери дали е добро Скинс. Откако се уверил дека се е во ред со снимателот, Трамп го продолжил говорот.