Шпанскиот гигант „Барселона“ обезбеди 140 милиони евра во форма на заеми од два американски инвестициски фонда, информира „Ел Паис”.
Каталонците го презедоа овој потег за да го финансираат спортскиот бизнис или, поточно, да ги трошат при потреба во трансфер прозорецот следното лето. „Барселона“ ќе мора да го надомести кредитот плус каматите во текот на следните пет години. Каматата е околу 1,8 отсто.
Клубот годината ја заврши со 914 милиони во приходи, но повеќе од 500 милиони од нив беа потрошени за плати на играчите.
Статутот на каталонскиот клуб спречува нето-долгот да надмине двапати од бруто-оперативната добивка, која во изминатата година изнесуваше 177 милиони евра.
„Барселона“ увери дека 140-те милиони за кои станува збор нема да бидат искористени за реконструкција на „Камп Ноу”, кој ќе „проголта” 600 милиони евра. Проектот нема да биде завршен до 2023 година.