Извршниот одбор на СДСМ вечерва на седницата, која се одржува по неколку одложувања, одлучи да не прифати предвремени парламентарни избори, дознава 24 Инфо од извори во партијата.
Според изворот, ИО е на став дека предвремени избори во моментов не се потребни, бидејќи е неопходно да се спроведат реформите на патот кон ЕУ, а особено по потпишувањето на Протоколот за прием во НАТО.
Иако во партијата има поделени мислења околу прифаќањето на предлогот на опозоцицијата за предвремени избори, во прилог на одлуката одат и препораките од странскиот фактор дека Владата треба да го протурка целиот мандат.
На седницата се разговара и за најсоодветниот кандидат за претседател, кој ќе биде избран на конгресот на 3 март, иако официјално не е целосно отфрлена опцијата Заев и Ахмети сепак да се договорат за консензуален кандидат.