Озлогласениот мексикански нарко-бос Хоакин Гусман (61), познат како „Ел Чапо”, денеска од страна на американски суд е прогласен за виновен поради организирање шверц на огромно количество дрога.
Гусман, чиј прекар на шпански јазик значи „краток”, е прогласен за виновен по сите 10 точки од обвинението, поради што би можел остатокот од животот да го помине в затвор.
Судскиот процес против Гусман почна во ноември минатата година, на кој се појавија повеќе од 50 сведоци. Во 2017 година тој беше екстрадиран од Мексико во САД, каде се товари дека како лидер на картелот Синалоа шверцувал кокаин, хероин и други наркотици.