Мексиканскиот претседател, Андрес Мануел Лопез Обрадор, смета дека пресудата за наркобосот Хоакин „Ел Чапо“ Гусман е морална лекција која покажува дека парите не купуваат вистинска среќа.
„Среќа е да имате чиста совест и мир во себеси и со другите“, рече Обрадор, а пренесе агенцијата АП.
Гусман вчера во Њујорк беше осуден за трговија со дрога и му се заканува доживотна казна затвор.