УЕФА подигна обвиненија против Манчестер Јунајтед и ПСЖ

 Европскиот фудбалски штаб официјално подигна обвиненија против Манчестер Јунајтед и Париз Сен Жермен по инцидентите предизвикани од навивачите на двата тима ,за време на судирот во „Олд Трафорд“ .

 

Обвинувањата против домаќините се поради фрлени предмети, вклучувајќи ги и шишињата пиво кон Анхел ди Марија, и затоа што ги блокираа скалите до излезот.

Гостите ќе мора да одговорат по четири точки – поради факели, фрлање предмети, вандализам и немири поттикнати од фановите на Парижаните.

Случајот ќе се разгледува од страна на дисциплинската комисија на УЕФА на 28 февруари.

Треба да знаете
Последни објави