Неприфатливо е да се прикриваат најстрашните злосторства на Косово, порача портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Таа констаираше дека истрагите за случаите со киднапирање на луѓе за илегална трговоија со органи на Косово, не дала резултати.
„Уште во 2017 година, во Хаг е основан Специјален суд за злостроторства на поранешната т.н. Ослободителна војска на Косово, вклучувајќи го меѓу другото и киднапирањето на луѓе за продажба на нивните органи на црниот пазар“, рече Захарова, пренесе „Спутник“.
Според нејзините зборови, импулсот за воспоставување на тој суд бил извештај на Парламентарното собрание на Советот на Европа, објавен во 2010 година.
„Не видовме никакви резултати од работата на оваа структура. Уште не е подигнати никакво обвинение. Убедени сме дека е неприфатливо да се прикриваат најстрашните злосторства на Косово. Темата за илегалната трговија со човечки органи треба да стане предмет во целосне интерес на јавноста“, нагласи Захарова.