Остатците од автобусот на Дурмо Турс кој вчера попладне излета од патот и се преврте, се извлекени. Автобусот се креваше со кран, по што е однесен во касарната во Ѓорче Петров. Таму ќе продолжи увидот и ќе се собираат докази од кои се очекува да се утврди како се случила сообраќајка на патот Скопје-Тетово.
Сите парчињата од автобусот што беа разлетани на сите страни се собраа заедно со мобилните телефони на настраданите. Тие ќе се користат како доказен материјал. Увидот заврши пред извесно време, а траеше во текот на ноќта и цело претпладне. Во страшната сообраќајна несреќа по излетувањето на автобусот во близина на Карпалак животот го загубија 14 лица.
Фото: Слободан Ѓуриќ