Шефот на военото контраразузнавање на Белгија, Клемент Ванденбер е привремено суспендиран од должноста поради обвинение за шпионажа во корист на Русија, пишува весникот „Де Морген”.
Весникот пишува дека кабинетот на Ванденбер му бил запечатан уште на крајот на јануари, а тој се наоѓа во домашен притвор.
Властите се сомневаат дека тој уништувал доверливи документи. Нема детали за неговите контакти со Москва.
Извори за весникот велат дека активностите против Ванденбер може да се резултат на борба за власт внатре во службата.