Поранешниот градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски со емотивен статус на својот Фејсбук профил се прости со Зоран Давидовски еден од загинатите во страшната сообраќајна несреќа, а кој беше вработен во Град Скопје.
Те испративме денеска на вечното почивалиште ама те испративме прерано драг пријателе. Изгубивме човек кој го сакаше животот, изгубивме и експерт кој неуморно работеше на сообраќајно осовременување на Скопје. Ми беше многу значаен соработник, другар и пријател. Сочувство до неговата фамилија. Почивај во мир Зоран Давидовски, напиша поранешниот градоначалник Коце Трајановски на својот Фејсбук профил.
https://www.facebook.com/koce.trajanovski/photos/a.1039641729417449/2091014514280160/?type=3&__xts__%5B0%5D=68.ARC-Vi2X8w6szqAid4YSSV-OMtRUsW02e0nD8d_qewtJijmS1dAiS4jkSbnvrf6eE8qBGP8W10AypWhvp-8jArW1Ni9DD_vtrS-FVn7dd65OP3Pv_3hnHpOqB01qeevUkJjveEf19or25k0pX9-lCHKtYMz4rR9KFHFk6S10avebUBlkNJOaYP6k0Ax0Kx89XkCU60ZVk7N25f26cbhKqPmEwhcaMKUDMJRzdNOIVrGjUyGTzVy6_49neEY3hRurq2fT7CJFNYQq8Go8aGka3qW900-2Mo4Esmv9dsza0U7aosTGXXV_WBqWj0gopbSjyXjXIwi_gW2J8mQnuYE6L8hsjw&__tn__=-R
Зоран Давидоски беше вработен во Град Скопје од 2011 година на повеќе раководни позиции, а од 2014 беше раководител на Секторот за сообраќај.