Првиот човек на каталонскиот гигант Барселона, Жозеп Марија Бартомеу го искажа својот став и испрати конкретна порака околу двајца клучни играчи на клубот од „Камп Ноу“.
Станува збор за Лионел Меси и Жорди Алба, асови без кои едноставно не може да се замисли почетната единаесетка на актуелниот шпански шампион.
-Ние не сме зборувале, ама ќе има обновување на договорот. Тоа нема да биде неизбежно, но ќе седнеме. Пред да си заминам, Меси ќе го продолжи договор со нас. Тој е играч за само еден клуб. Односот со нас ќе продолжи засекогаш, -рече Бартомеу и притоа проговори за Алба.
-Се работи на новиот договор. Оптимист сум затоа што ни кажа дека сака да остане. Му понудивме договор од пет години. Се надевам дека наскоро ќе продолжиме да зборуваме. Овие денови не сме се виделе. Економското прашање е преговарање. Тој е најдобриот лев бек во светот. Ќе продолжиме да зборуваме. Ние не трчаме, ние одиме, -порача првиот човек на Барселона.