Двајца возачи на патнички возила и еден велосипедист се здобиле со тешки телесни повреди, а шест лица со лесни телесни повреди во три од вкупно 21 сообраќајна незгода што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 14 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи, евидентирани се 178 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 46 возачи кои возеле под дејство на алкохол, 35 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и 13 возачи почетници.
Полицијата од сообраќај исклучила и 40 нерегистрирани возила, три возила за претовар и 264 за непрописно паркирање. Со специјалното возио „пајак” подгинати биле 175 возила.
Тројца пешаци поминале коловоз надвор од пешачки премин, тројца поминале коловоз на црвено светло, 13 возачи поминале крстосница на црвено светло, девет возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 11 за не правилно престројување, четири за неправилно престигнување, еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница и осум за непоседување пропишана зимска опрема во возилата. Евидентирани се и 18 возачи за не носење сигурносен појас, а 28 за користење на мобилен телефон додека возеле.