Тимот на Реал Мадрид претрпе шокантен пораз од Џирона од 2-1 на меч во Примера со што направи голем чекор наназад во битката за титулата во шпанскиот шампионат.
Домаќините тргнаа добро, дојдоа до водство преку Касемиро, но во вториот дел Стуани и Порту направија пресврт и донесоа голема победа за гостите од Каталонија. На оваа средба капитенот на „кралевите“, Серхио Рамос одново се најде во центарот на вниманието, а причината за тоа е црвениот картон.
Рамос пожолте двапати во вторите 45 минути што значeше дека мора предвреме да го напушти теренот на „Сантијаго Бернабеу“. Со новото исклучување Серхио постави нов рекорд во Примера, сега е играчот со најмногу црвени картони во историјата на Ла Лига.
Дефанзивецот по 19 пат беше испратен предвреме во соблекувалната со што ги надмина Пабло Алфаро и Чави Агуадо.
Ова воедно значи дека тој ќе мора да го скокне дуелот со Леванте на нашиот Енис Барди.