Мауро Икарди повторно не се најде на списокот на Спалети за вчерашниот натпревар против Сампдорија кој Интер го доби со 2:1.
Сепак, Аргентинецот заедно со неговата сопруга Ванда се појави на трибините на „Џузепе Меаца“, а наводно после натпреварот, влегол во соблекувалната за да им ја честита победата на неговите соиграчи.
За време на натпреварот, во кадарот на камерите неколку пати се најдоа Мауро и Ванда Икарди, а навивачите кога ги видоа на големиот екран на стадионот започнаа да ги исвиркуваат.
Според многумина, главната причина за проблемите на Икарди со клубот е неговата сопруга и агент – Ванда, која што на најразлични начини се обиде да изнуди повеќе пари за новиот договор на Мауро. После ова, наводно Икарди размислувал и да ангажира дополнителни два агенти за да ја смири ситуацијата, иако тешко е да се каже дека Интер нема на лето да се ослободи од Аргентинецот.