Викендов во Скопје е одржан основачкиот состанок на Женската организација на Партијата за движење на Турците (ТХП), со што по 20 години, првпат една турска политичка партија дава особена поддршка и поттик на жените од турската националност за нивното активно учество во политичкиот живот.
„Жално е што до ден денес не е направено доволно за интеграција на Турчинките во општеството. Со формирањето на Женската организација на ТХП, веруваме дека жените ќе добијат поактивна улога во општествено-политичкиот живот и заедно ќе развиваме поуспешни политики.На основачкиот состанок со своето присуство не` почести потпретседателката на МХП, Дениз Депбојлу. За претседател на ЖО на ТХП е избрана Ајсел Сејфулах”, соопшти партијата.