Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжуваат со посветена грижа за лозарите, за земјоделците. Пред почетокот на новата прозиводствена сезона, исплатени се субвенции за лозови насади од околу 9 милиони евра на над 15.000 лозари. Тоа се средства што се враќаат директно кон лозарите за подготвени да ја дочекаат производствената сезона и да вложат во производство на квалитетно грозје, соопшти партијата.
Покрај субвенциите, според најавите од Министерството, на почетокот на следниот месец ќе почне исплатата на долгот на приватните винарници кон лозарите, за предаденото а неплатено грозје во периодот од 2014 до 2016 година, наследен проблем што го реши оваа Влада во интерес на лозарите.
„Со тоа, дополнителни 1.5 милиони евра ќе се вратат кај лозарите од Тиквешкиот Регион.
СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи останува посветена на спроведување на мерките што обебедуваат развој на земјоделството, сигурен откуп и повеќе пари кај секој земјоделец”, се додава во соопштението.