Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, вечерва остро реагираше на информациите што ги објави порталот Алмакос дека тој отворено ќе лобира Никола Димитров да биде консензуален кандидат на ДУИ и СДСМ. Во изјава за МКД.мк Груби вели дека ваквата информација е лажна вест и очајна платеничка пропаганда.
Претходно денеска, по средбата на Зоран Заев и Али Ахмети во Клубот на пратеници, на којаа се разговараше за консензуален кандидат на двте партии, премиерот повтори дека нама да се кандидира, а првиот човек на ДУИ рече дека лидер на партија не треба да биде шеф н државата.