Сончево и релативно топло со слаб ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22 степени.
Во Скопје, сончево и релативно топло со температура до 16 степени.
До четврток ќе се задржи претежно сончево и топло време. Од петок ќе има зголемување на облачноста, која ќе биде проследена со локални врнежи oд дожд, на повисоките места ќе има локални врнежи од дожд и снег, а на планините ќе има локален снег.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе прдзвика и значително опаѓање на дневната температура за време на викендот и во текот на наредната недела.