Според астрологијата некои хороскопски знаци не се компатибилни, но всушност би можеле да успеат како пар. Спротивностите се привлекуваат, па затоа понекогаш и вреди да се направи исклучок.
Еве за кои парови станува збор:
1. Овен и Риби
Различни личности, различни погледи
Со Овенот владее Марс, што значи дека станува збор за борбени и активни личности, кои сакаат да биде сè како што замислиле. Рибите имаат понежна природа, повеќе сакаат да почекаат, да ја согледаат ситуацијата. Но, сепак заедно можат да бидат добар пар.
Овенот е независен, а Рибите му даваат доста слобода. Од друга страна, Овенот ќе има разбирање дека на Рибите им треба повеќе време за себе, бидејќи го почитуваат личниот простор и приватност. Затоа, добро се дополнуваат.
2. Бик и Стрелец
На прв поглед се спротивни знаци, но всушност и не се толку различни. Гледано отстрана, немаат ништо заедничко. Бикот сака сигурност, Стрелецот сака да излезе од зоната на комфорот и да истражува. Но, постојат доста заеднички работи. И двајцата се сензуални суштества. Меѓу нив постои хемија, а имаат и омилени места. Многу се искрени и не сакаат лаги.
3. Близнаци и Рак
Вечните деца – Близнаците и мајчински настроените Ракови не би требало да бидат заедно. Но, има доста парови кои се во брак и тоа среќен. Како е тоа можно?
И двата знаци имаат променливо расположение, секој на свој начин. Не може секој да го трпи однесувањето на Близнаците, но на Раковите тоа им се допаѓа бидејќи се однесуваат заштитнички и можат да се налутат ако кажете нешто против нивните сакани Близнаци.
4. Лав и Скорпија
Лавот и Скорпијата не се спротивни знаци, туку слични. Тие се фиксни знаци и ним воопшто не им е лесно кога се заедно. Станува збор за страсни знаци, Скорпиите се многу емотивни, а Лавовите токму тоа го сакаат кај нив. И двата знаци сакаат лојалност и имаат силен темперамент.
Нивните желби и барања ги зближуваат. Кога се во врска, топлата природа на Лавот ќе ја натера Скорпијата да се вљуби. Можат да успеат заедно ако го тргнат егото на страна.
5. Девица и Водолија
Девицата е посветена на работата и одговорностите, Водолијата е свртена кон промени и револуции. Девиците имаат рутини, Водолиите чекаат нешто ново да се случи. Како овие два знаци можат да бидат заедно?
Премногу се рационални и студени во однос на останатите во Зодијакот. Кога ќе се сретнат може да дојде до пријатно изненадување. Имаат многу позитивни страни, Водолијата е хуманитарец, Девицата исто така е посветена во помагањето на другите, така што сепак имаат заеднички цели. Иако се спротивни во однесувањето, создадени се да бидат заедно.
6. Вага и Јарец
Вагата и Јарецот се грижат за својот углед, за тоа каков впечаток оставаат на другите. Можат да бидат добри дипломати, ова се сличности што ги привлекуваат едни кон други. Но, тоа што ги спојува се спротивностите.
Јарците се легендарни според нивната одлучна природа, сакаат да бидат директни. Вагите не се одлучни и сакаат некој друг да го преземе кормилото. Кога овие два знаци ќе се спојат, се чувствуваат како да ја пронашле својата сродна душа.