Истражувачи од Технолошкиот институт во Масачусетс изработија робот којшто се ориентира по небото, а не со ГПС, објави университетскиот гласник „Текнолоџи ривју”.
Мравките може да минат илјадници километри, и покрај тоа што имаат само неколку мозочни клетки. За точно да определат каде се движат и каде се наоѓаат, тие ја користат поларизираната сончева светлина.
Истиот концепт е употребен и во оваа нова технологија. За да се движи на истиот начин, роботот Ант-Бот („мравка-робот”), користи два светлински сензора со капацитет од само 14 пиксели и вртечки поларизирани филтри.
Така, роботот може да ја одреди својата местоположба и во ситуации кога навигацијата е недостапна.
Тоа би било од исклучителна корист, на пример, ако на самоуправувачки автомобил му се урне ГПС-системот.