Поповски за 27 април: Не го загрозив уставниот поредок туку со голи раце се обидував да спречам насилство

Обвинетиот за „27-ми април“ Оливер Поповски, екс началник на сектор за превентивно обезбедување во МВР, во својот завршен збор вчера му порача на Судот дека не го загрозил Уставниот поредок, туку дека со голи раце и без никаква помош се обидувал да спречи насилство, а колку успеал во тоа да оцени Судот.

-За случајот се чуствувам изигран, искористен, употребен за нечии други цели. Сите, дословно, сите што на некој начин се надредени на хиеархиската поставеност на одделот или во секторите за обезбедување, внтарешно и надворешно, ден два пред настанот или беа или земаа слободни денови, боледувања. Едноставно ги немаше никаде, што ми дава за право, во најмала рака да се посомневам во нив, го започна своето сведочење Поповски.

Од сите 33-обвинети лично се познавал само со неколку полициски службеници. Со останатите обвинети се запознал во притвор и на рочиштата.

-Со колегата Оливер Радулов се запознав во притворот. Со никого од нив лично не се познавам од претходно, вклучително и пратениците, што значи не сум можел да бидам во контакт со истите. Од изведените докази, извршеното вештачење на телефонските броеви кои јас ги поседував, на критичниот ден, освен службените разговори со обвинетиот Горан Ѓошевски, немав никаква телефонска комуникација со ниту еден обвинет. И не само дента, туку и месеци наназад. Првиот телефонски разговор, како што се гледа и на листингот, го имав со Горан Ѓошески, и тоа околу 18 часот, кога јас веќе бев дома, што произлегува од локацијата на мојот број од базните станици. Во разговорот, Ѓошевски ми кажа дека има потреба од ангажирање на дополнителни полициски сили во Собранието. Тој не можел да добие никого од повисоките старешини. Разговарал со Саше Трпевски , кој му рекол дека тој ќе организираи да ме побара мене, рече Поповски.

Тој кажа дека во одделот за обезбедување, во стандарните оперативни процедури е предвидено дека раководители на тимови по своја проценка можат да побараат дополнително полициско засилување. Како што кажа, од вештачењето на телефонските разговори може да се види дека критичниот ден го поборал старешината Тони Станковски за да го извести за барањата од колегата Ѓошевски. Тој му дал насоки да го побара колегата Драган Крсетвски, одговорен во тој момент за внатрешно обезбедување, за да препрател полициско засилување од другите министерства во собранието, а Поповски да ги ангажира сите слободни полициски службеници од одделот.

-Со негова консултација се договоривме јас да одам во Собранието, а тој да оди во оперативниот штаб во МВР, да бидиме во комуникација и да го известувам за случувањата. Потиа му се јавив на Горан Ѓошевскии го известив за се што се договорив со Станковски. Тоа беше вториот и последен разговор со Ѓошевски тој ден. Во Собранието влегов преку влезот „Винар“, на што се гледа од снимките предложени како доказ на Обвинителството и веднаш се упатив кон Пленарната сала. Чув викотници кои доаѓаа и од ходникот на Собраниетои забрзано отидов таму. Кога дојдов во ходникот прво не сфатив што се случува. Видов како колеги кои ги познавам од видување стојат во ходникот, а еден од нив постави греда на вратите на собранието Пред вратата го препознав пратеникот Крсто Мукоски како стои заедно со уште едно лице кое не го познавав. Претпоставив дека е пратеник бидејќи колегите од внатрешното обезбедување не реагираат за неговото присуство и сфатив дека во прашање се пратеници кои имаат право да се движат низ Собранието. Меѓутоа, како што колегата ја постави гредата, така, во истиот момент пратеникот Мукоски ја турна од вратата и со нога ја отурна. Тогаш се збунив, не ја знаев целта на случувањата, не знаев како да постапам, бидејќи согласно законот на Собрание, како полициски службеници немаме право да превземаме никакви активности врз пратеници доколку не добиеме наредба од Претседателот на Собранието. Напоменувам, во тој момент вратите беа се уште затворени. Додека ми поминуваа разни мисли како да постапам, наеднаш колегите и присутните пратеници се повлекоа од пред врататаи скалите, на што и јас инстиктивно изреагирав и се повлеков. Тоа беа делови од секунда. Кога се повлеков во еден ќош од ходникот, прво што направив го известив мојот старешина Тони Станковски за да ми даде насоки, рече Поповски.

Обвинетиот во завршниот збор кажа дека во одделот за обезбедување никогаш немало таква ситуација, ниту, пак, постои стандардна оператовна процедура во која е уредено како полициски службеници треба да постапат во такви или слични ситуации во Собранието. Како што наведе, Собранието отсекогаш било камен на сопнување меѓу надлежностите на полицијата, предвидени со Законот за полиција и Законот за Собрание.

-Од една страна, законот за полиција им дава овластување, за да во законодавниот дом, истите со законот за Собрание ни се одземени, односно овластените службени лица без одобрение на претседателот на Собранието не смеат да превземат мерки против пратениците (член 43, став 2 од Законот за Собрание), рече Поповски.

Поповски кажа дека од видео снимките се гледа дека во ходникот се појавил Горан Ѓошевски и се поздравиле.

„Тој се повлече, а ја се обидував телефонски да го добијам началникот Станковски и тогаш пред мене се појави толпа граѓани од што останав запрепастен.  Потоа почнав да го барам колегата Тони Мандаровски, кој според планот на работа тој ден беше одговорен заедно со дежурните Игор Анакиев и Здравко Здаревески. Кога со колегите стигнавме пред вратата од прес салата, меѓу останатите стоеше и колегата Саше Тасевски, тогаш лично обезбедување на министерот за внтарешни работи Оливер Спасовски. Тогаш ситуацијата стана напната. Толпата народ му се закануваше и сакаше да го нападне по што јас застанав пред Саше за да го одбранам. Му ја дадов својата службена легитимација за да се идентификува дека е полицаец и дека само ги извршува своите работни задачи. Потоа се обидував да ја смирам толпата, бидејќи проценив дека се многубројни и доста агресивни, и доколку превземам некои од моите полициски овластувања, би го довел во прашање мојот живот и животот на моите колеги кои во никој случај не смееше да се случи. Јас во Собранието не носев оружје, ниту имав радио станица, затоа што дојдов од дома. Но и да носев оружје, во ниеден случај не смеев да го внесам во Собранието. Тоа не важи за колегите кои доажаат од специјланите единици и единиците за интревенции. Толпата народ беше многу агресивна поради што им се приклучив на останатите колеги обидувајќи се да ја одбијам толпата за што постојат и видео докази кои беа презентирани, рече Поповски.

 

Како што кажа, тој во туракниците добил неколку удари од предметите кои ги фрлала разгневената толпа и добил удар во коленото. Како доказ за неговите дејствија преку сведочење го потврди и сведокот на обвинителството, Ацо Ангеловски.

„Во гужвите, понесени од толпата народ и чадот кој се созадваше, со колегите се раздвоивме. Симнуваќи се надолу за да го избегнам чадот од шок бомбите, се засолнив во еден ходник и почнав д аим вртам на колегите да прашам дали се безбедни. Не знам колку се задржав во ходникот, но знам дека го видов колегата Саше Марковски со уште неколку лица. Единствено што ми е врежано од тие моменти е дека одев позади нив. Тие се движеа многу бавно, поради што јас ги заобиколив и се спуштив по скалите кои водат во гаражите на Собранието и излегов надвор. Тврдам дека не сум имал никаков контакт со обвинетиот Саше Марковски, ниту пак некој ми го најавил неговото доаѓање, а тоа е докажано со вешатачењата на телефоните кои ми беа одземени, рече Поповски.

За обвинението што му се става на товар дека бил во мониторинг собата, рече дека тоа е тотална невеистина.

„Од снимките пред мониторниг собата во ниту еден момент не се појавувам јас, туку колегите од внтарешното обезбедување на Собранието, а замислете дел од нив се појавија како сведоци. Ниту сведоците кои Обвинителството ги испрашуваше го спомнаа моето присуство во монторинг собата, или пак дека имале било каква претодна комуникација со мене. Зошто не е прикажана снимката од ходникот, каде се гледа дека ги одминувам колегите и се симнувам по скалите кон гаражите? Правецот на тоа мое движење е сосема спротивно на движењето на колегите од УБК. Таа снимка не беше ни доставена до мојот бранител заедно со останатите снимки. Зошто има селективност во доказите? “, рече Поповски.

На крајот од неговиот завршен збор кажа дека совеста му е чиста.

„Ќе кажам дека совеста ми е чиста. Сторив се што можеше да се стори во тие услови, според моите можности. Дали можеше подобро, поефикасно или похрабро? Не знам, можеби.. Но едно знам. Срцето ме заболе кога мојата 9-годишна ќерка ми го постави прашањето „Зборуваат ли тато лошо за тебе на вести? Зар си станал лош полицаец“? Пред време не осудија на лоши и на добри и си поиграа со нашите судбини.

Не сум го загрозил Уставниот поредок, напротив се обидував  да спречам насилство онолку колку што можам со голи раце, без никаква помош. Колку сум успеал во тоа, оценете вие, го заврши својот говор Поповски.

Даниела Вељановска

Треба да знаете
Последни објави