Сенеторот од Вермонт, Берни Сандерс рече дека ќе се кандидира за претседател на САД на изборите закажани за 2020 година.
Седумдесет и седумгодишниот Сандерс кој себе се нарекува демократски социјалист, изјави за локално радио дека повторно ќе се бори за демократска номинација, бидејќи претходниот пат загубил од Хилари Клинтон.
Тој ја трансформираше политиката на Демократската партија и се здоби со лојални следбеници кај страстните залагачи на либералните предлози какви што се бесплатното високо образование и здравствената заштита.