Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска патува за Брисел, каде ќе оствари работни средби со Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и Потпретседателката на Европската Комисија, Федерика Могерини, како и со Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.
За време на посетата, Османи ќе одржи и брифинг со претставници на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан, а ќе учествува и на брифинг во влијателниот тинк тенк Центар за европска политика (ЕРС) на тема „Северна Македонија на патот кон ЕУ: „Хоум ран“ во преговорите за пристапување?“.
На маргините од посетата, Османи ќе учествува и на Конференцијата на тема: „Безбедност во ЈИЕ – безбедност низ Европа” во организација на Фондацијата Ханс Сејдел (Hanns Seidel Foundation).
Од Брисел, Вицепремиерот Османи патува директно за Виена каде ќе учествува на состанокот на министри задолжени за Европски прашања од земјите од Западен Балкан, што се одржува под покровителство на Сојузниот Министер за Европски прашања на Австрија при канцеларијата на Сојузниот Канцелар, Гернот Блумел.