Премиерот на Полска го откажа патувањето во Израел поради коментари за антисемитизам

Премиерот на Полска во понеделникот објави дека тој нема да биде дел од средбата со Израел поради коментарот на новиот министер за надворешни работи на Израел, кој изјавил дека Полјацијте „цицаат антисемитизам со мајчиното млеко“.

Премиерот Матеуш Моравиецки го откажа патувањето во Израел каде тој требаше да присуствува на мултилатерална средба со лидерите на Република Чешка, Унгарија и Словачка, кои се дел од Вишеградската група.

Моравиецки ги отфрли коментарите на Јизраел Катц, кои ги оцени како нетолерантни и расистички, по што додаде и дека ниеден претставник на Полска нема да присуствува на настанот.

Катц изјави дека: „Многу Полјаци соработувале со нацистите и зеле учество во уништувањето на Евреите за време на Холокаустот“.

Министерството за надворешни работи на Полска го свика на разговор амбасадорот на Израел во Варшава, откако израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху исто така изјави дека Полска била близок соработник со нацистите за време на Втората светска војна.

Треба да знаете
Последни објави