Во пожар во Скопје изгореа кошници со пчели

Во пожар во Скопје изгореа кошници со пчели. Како што информираат од Противпожарната бригата на Град Скопје, денеска околу 13 часот избувнал пожар во овоштарник на улицата Борис Трајковски во Скопје. Пожарот бил гаснет од 13.20 до 14.40 часот. Огнот зафатил сува трева и кошници со пчели. Зафатена е површина од 70.000 квадратни метри. Интервенирано било со едно возило и тројца пожарникари.

Треба да знаете
Последни објави