Ливерпул и Баерн Минхен се предодредија на големи тактички надмудрувања на првиот осминафинален дуел во Лигата на шампионите, а тавкиот пристап на двете екипи на крајо донесе многу малку возбудувања на теренот, пред се во второто полувреме кое беше исклучително скромно.
Во првата пресметка на „Енфилд Роуд“ доминираше тактичката војна од тренерите Јирген Клоп и Нико Ковач, па така најзрелите шанси дојдоа во ситуација кога двете одбрани направија одредени пропусти. Ливерпул својата најдобра шанса не ја искористи преку Мане кој од непосредна близина биеше катастрофално, додека Баерн пропушти да ја казни индолентноста на Алисон кој им ја подари топката на противниците. Коман беше човекот кој не успеа да ја претвори во гол оваа шанса на баварскиот тим, а тоа беше и последната шанса пред голот на Алисон кој имаше доста мирна вечер.
Истото важи и за Мануел Нојер, па така патникот во четвртфиналето ќе го дознаеме на повратниот дуел во Минхен кој ќе се одигра на 13-ти март. За жал, голови не видовме ниту на вториот меч кој се одигра вчера, бидејќи со најнепопуларниот резултат заврши и пресметката меѓу Лион и Барселона. Гостинскиот тим има далеку повеќе за што да жали бидејќи не ја искористи доминацијата и создадените шанси, па сега ќе мора да ја оправда фаворитската улога на „Камп Ноу“.