Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски е уапсен поладнево под сомнение за наводна вмешаност во насилството во Собранието од 27 април 2017 година.
Во тек е акција и за приведување на други лица, а наредбата е издадена од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.
Неофицијално, покрај пратеникот Вељановски приведен е и поранешниот министер Спиро Ристевски.