Министерството за правда на САД подготвува најава дека следната недела специјалниот советник Роберт Мулер ќе му го предаде на Вилијам Бар, новиот секретар за правосудство, неговиот извештај за истрагата за вмешаност на Русија во претседателските избори од 2016 година.
По ваквиот извештај, Бар ќе ги разгледа наодите на Мулер и ќе поднесе свој извештај до Конгресот на САД, објави Си-ен-ен, цитирајќи неименувани извори.
Исто така, Бар како нов секретар за правда, ќе го преземе надзорот над истрагата за вмешаноста на Русија во претседателските избори од 2016 година, водена од специјалниот советник Роберт Мулер.