Поранешниот капитен на Интер, Мауро Икарди, ги пропушти последните два натпревари на неговиот клуб поради наводна повреда која ја пријави самиот. За да бидат сигурни, медицинскиот тим на Интер направи тестови за да се утврди сериозноста на повредата.
Икарди ги поминал медицинските тестови, кои откриле дека нема компликации во коленото и глуждот.
Минатата недела, Аргентинецот не тренираше со тимот, откако следеше самостојна програма со физиотерапевт.
По одземањето на капитенската лента, Икарди ги пропушти средбите со Рапид Виена во Австрија и Сампдорија.
Сепак, по денешните тренинзи, се очекува дека Аргентинецот ќе биде во тимот за реванш со Австријците.