Денеска,четврток, 21.02.2019 г. во школскиот двор на ОУ ,,Живко Брајковски,, беа засадени 25 јасенови дрва.
Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, директорката на училиштето, заедно со учениците и наставниците од секцијата по биологија учествуваа во овој еколошки хепенинг за поубава и позелена еколошка средина.
Учениците се обврзаа дека ќе ги негуваат и наводнуваат засадените дрва. Оваа и повеќе други нивни пораки беа поставени до стеблата на јасените. Најискрена и најдетска беше пораката: Засади дрво, засади цвет за поубав свет.
Градоначалникот Велимир Смилевски истакна дека овие 25 јасенови дрва се само дел од активностите за хортикултурно и содржинско уредување на огромниот двор на ова училиште. Денешните акттивности треба да бидат поттик за учениците, нивните родители и наставниот кадар за негување и чување на животната средина.