Албанскиот премиер Еди Рама вечерва реагираше околу одлуката на опозицијата да се откаже од пратеничките мандати и барањето за предвремени парламентарн избори.
– Откажувањето од пратеничките мандати е лоша вест за демократијата. Ова е лош ден за албанската демократија, штетна за политичкиот живот, ова е деструктивен избор, катастрофата на оваа земја, која е погодена од сопствените деца, рече Рама.
Тој првпат призна дека тоа би можело да влијае на неуспехот да се отворат преговорите со ЕУ во јуни 2019 година.
– Ова може да биде фатално за отворањето на преговорите оваа година, исто како и снимките од насилстото на протестите во саботата што циркулираат низ светот. Не сум ни најмалку да ја обвинувам опозицијата, не сум спокоен што опозицијата денес стана вистинска грижа за нашите партнери САД и ЕУ, рече Рама.
Тој обвини дека опозицијата постапила на овој начин за личен интерес, додавајќи дека секој треба да започне од себеси.
-Тие имаат партиски интереси насочени кон нарушување на изборите. Мораме да се обидеме, да гледаме што појасно и да рефлектираме колку што е можно повеќе, почнувајќи од самите себе, а потоа да гледаме наоколу. Опозицијата презеде акт непознат за земји со избори од западните демократии до хибридните режими. Тргнувам од себе, јас сум избран за премиер на Албанија по вторпат на избори што се спроведени од заедничка влада со опозицијата, на која и ги дадовме сите министерски ресори што ги бараше, рече Рама.
И покрај тоа што опозицијата се откажа од пратеничките мандати, премиерот Рама смета дека единствен пат да се соработува со нив е да се седне на маса и да се разговара, а не предвремени избори и преодна влада што ја бара опозицијата. Тој рече дека Владата сега ќе работи со „поголема понизност и под мотото за соработка”.
– Избори ќе има во јуни 2021 година. Нашето приближување и соработка со демократите нема да бидат недостапни, раката за дијалог за опозицијата е подадена. Нивниот парламентарен живот заврши за оваа законодавна власт, но нивниот политички живот продолжува. Ние понизно ќе им служиме на луѓето од оваа земја. Оние кои избегаа ќе сторат се за што поголемо недоразбирање и поделби, но ние кои сме овде ќе го сториме невозможното за да се обединиме што повеќе, посочи Рама.