Фудбалерите на Арсенал синоќа славеа со 3:0 против БАТЕ во Лига Европа, а еден од најдобрите во таборот на „Топчиите“ беше Месут Озил.
Унаи Емери му даде шанса на Озил на вчерашниот натпревар, а со оглед на тоа што Озил е еден од најважните и најдобри фудбалери на Арсенал, тренерот на лондонската екипа проговори за настапот на Германецот.
„Му реков да продолжи вака, да игра како вечерва и како изминатите две седмици. Навистина сум многу задоволен од него, ова е нешто што го сакаме и очекуваме од него“, изјави Унаи Емери и додаде:
„Неговото искуство добро ѝ дојде на екипата, квалитетот и капацитетот не се во прашање. Денес покажа дека сака да му помогне на тимот“, изјави Унаи Емери.