Атлетико Мадрид славеше голема победа од 2:0 против Јувентус на првиот осмина-финален дуел, а еден од најдобрите во таборот на „Јорганџиите“ беше Диего Годин кој го постигна вториот гол.
По крајот на оваа сезона, искусниот Уругваец ќе го напушти Атлетико Мадрид. Годин нема да го продолжи договорот со мадридскиот тим и како што е познато, ќе се пресели во редовите на милански Интер како слободен играч.
„Среќен сум, при крај сме со преговорите и убаво е да се види како Годин постигнува гол“, изјави спортскиот директор на Интер, Бепе Марота и додаде:
„Кога е останатото во прашање, можам да кажам дека сум голем оптимист и верувам дека наскоро ќе можеме и официјално да објавиме дека Годин е наш играч“, изјави Бепе Марота.