Поради градежни зафати на повеќе локации во Град Скопје, утре сообраќајот ќе се одвива согласно променет привремен сообраќаен режим, соопштија од Градот.
На булеварот „Борис Трајковски”, кај влезот на поранешната фабрика Стаклара, како и на регионалниот пат „Јадранска магистрала”, кај натпатникот кон Визбегово, екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта” ќе поставуваат портални семафори за знаци со променлива содржина.
Градежните работи ќе се изведуваат во временски период од 7:30 до 12:30 часот, а сообраќајот ќе се одвива со кратки прекини.
Од Град Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воведениот сообраќаен режим и поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.