Француската полиција уапси 20 лица во градот Клермон-Феран, каде за денеска е најавен регионалниот собир на движењето на „жолтите елеци”.
Како што јави дописникот на МИА, во Клермон-Ферен е видливо засилена присуство на полицијата, која врши проверки на приодите кон градот.
При контролите се уапсени 20 лица, кај кои се пронајдени безбол палки, метални шипки, пиштоли со електрично полнење и слични предмети, при што на тројва од уаспените веќе им е одредена мерка притовор.
Сопствениците на продавниците во градот презедоа заштитни мерки, стравувајќи од евентуални нереди.
На оваа 15 по ред санота на протести, движењето на „жолтите елеци” во полицијата пријави протести на пет локации во Париз.
Покрај засилените безбедносни мерки околу државните институции, зголемен број полициски припадници се распоредени во и околу просторот каде се одржува Саемот за земјоделството, беше отворен изутринава во присуство на француксиот претседател Емануел Макрон.
Група демонстрантите претпладнево се собраа на авенијата Шанзелизе под слоганот: „Го најдовме братството, доаѓаме да да ги зајакнеме слобода и еднаквост”, алудирајќи на слоганот на Француската Република – братство, слобода, еднаквост.
Покрај ова, „жолтите елеци” денеска одржуваат и пикник во близина на замокот „Шамбор” во Лоар и Шер. Пикникот беше договорен заедно со градските власти, претставниците на замокот и жандармеријата, со цел „жолтите елеци” да покажат дека можат да демонстрираат и мирно.
На пикникот крај „Шамбор”, каде Макрон го славеше својот роденден, според жандармеријата присуствувале неколку стотици лица.
Минатата сабота на протеситте во ширум Франција учествуваат нешто повеќе од 40.000, од кои неколку илјади само во Париз, што укажува дека бројот на демонстранти од сабота во сабота видливо се намалува.