По настанатата сообраќајна несреќа која што денеска нешто по 12.00 часот се случи на магистралниот патен правец Каменица – Кочани, сообраќајот во двата правци е нормализиран и се одвива непречено во двата правци.
Увидните екипи на Министерството за внатрешни работи беа присутни на местото на несреќата каде ги утврдуваа причините и штетите од несреќата.
Сообраќајната несреќа се случи во 12:30 часот меѓу возилата марка Југо и Фиат Добло.
За здравствената состојба на патниците до овој момент нема дополнителни информации од Итната медицинска помош во Каменица и Кочани.
Претходно во периодот околу 12.00 часот сообраќајна несреќа имаше и на една од пофрекфентните крстосници во центарот на Македонска Каменица во која е предизвикана значителна штета на возилата.