Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-Ун му рекол на американскиот државен секретар Мајк Помпео дека не сака неговите деца да пораснат со товарот на нуклеарното оружје, изјави денеска поранешниот шеф на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Ендрју Ким.
Ким тоа му го рекол на Помпео во април минатата година, кога американскиот државен секретар бил во официјална посета на Пјонгјанг заради подготовка на средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и Ким Џонг-ун
– Јас сум татко и сопруг. Имам деца. Не сакам моите деца да растат со нуклеарно оружје на своите плеќи, му рекол Ким на Помпео, тврди поранешниот офицер на ЦИА.