Дваесет и четиригодишниот ликовен уметник Дејан Мачуков во своето творештво се обидува да прикаже дека не вреди да се барат материјалните богатства во животот додека не се откријат тие од природата.
Мачуков живее во Богданци, каде во моментов работи како професор по ликовна уметност во средно училиште. Паралелно тој се занимава и со својата апстрактна-експресионистичка уметност, со која работи на серија насловена „Топлина“.
„Oваа тема има за цел да презентира едно истражување на нашите сетила, односно наше гледање на нештата кои се присутни во природата без разлика на тоа како изгледаат во реалноста“, вели младиот уметник.
Преку бојата во совите дела, Манчуков го разоткрива јазикот на топлината, како посебен дар од природата.
„Од друга страна се ставам себеси како една машина за преработка на тие емоции кои минуваат преку мене за вечно да ги заробам на моето платно и да станат сведоци на моето постоење“, вели тој.