Се очекува „Форд” наредниве две години на купувачите да им понуди хибриден погон со следната генерација на својот популарен „коњ во галоп”… А, се споменува и пренос на силите на две оски.
Иако сѐ уште нема официјална потврда од компанијата, според упатени извори, овој американски автомобилски гигант наголемо ја подготвува седмата генерација на „Мустанг”. Тој во производство би требало да се појави во првата половина на 2023 година. Покрај познатите бензински мотори со четири и осум цилиндри, новиот автомобил ќе биде придвижуван од досега непознат хибриден погон, којшто ќе ги задоволува новите стандарди за издувни гасови. Претходно најавената целосна електрификација на познатиот „коњ во галоп” на „Форд” се очекува до крајот на 2028 година.