Малишева до Мицкоски: Ние бевме тие кои со нашите пушки ве симнавме од власт

Мухамед Красниќи, познат под прекарот Командант Малишева, на својот Фејсбук профил објави статус каде вели дека неговиот Фејсбук статус во изминатите денови бил хакиран, но и упати пораки до Мицкоски со контроверзна содржина.

-Драги пријатели, мојот Фејсбук е хакиран и ми избришале некои статуси, особено последниот. Денес на вестите на Алсат-М дознавме дека Христијан Мицкоски не нарекува кукавици и во служба на Зоран Заев. Сакам да му кажам на Мицкоски дека кукавици се тие, од Груевски па надолу, бидејќи бегаат од одговорноста, кукавици и криминалци сте вие раководството на ВМРО, вие сте и крадци кои ја доведовте државата во оваа ситуација, вие заслужувате затвор не ние. Ние бевме тие кои со нашите пушки ве симнавме од власт вас и вашите руски поддржувачи, а вие се обидовте со сила и терор да ја задржите власта, правејќи досега невиден терор. Е сега вие сте терорист кој ја тероризира демократијата и се спротиставува на гласот на граѓанинот или ние кои го паднавме вашиот режим на чело со најголемиот криминалец и терорист Никола Груевски, дали ние сме тие кои го бранат нашиот народ од вас или вие лие сте криминалци кои го ограбуваат својот народ. Ние сме херои а вие сте кукавица. Ние не сме во служба ниту на Заев ниту на Ахмети, ние му служиме на правдата. А оние твоите колеги ги заслужија тупаниците затоа што навредија на етничка основа. Ние имаме проблем само со вас од раководството на ВМРО и со вашите соработници. Ние немаме проблем ниту со вашиот народ ниту со другите, стои во неговиот Фејсбук статус.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=412026102940309&set=a.199771960832392&type=3

Треба да знаете
Последни објави