Бројот на починати од труење со алкохол од домашно производство во североисточната индиска држава Асам се искачи на 139, а речиси 300 луѓе се хоспитализирани.
Жртвите се претежно работници на плантажа во окрузите Голагат и Јорат, кои пиеле алкохол во четвртокот вечерта. Во Гологат умреле 85 луѓе, а во соседниот Јорат 54, соопштиле високи претставници на двата округа.
Речиси 300 луѓе, кои се жалеле на болки во желудникот и отежнато дишење, се примени во болница, а некои од нив се во тешка состојба.
„Истрагата покажа дека труењето настанало од метанол“ рекле медицински лица.
Четиринаесет осомничени се уапсени, а илјадници литри илегален алкохол се уништени. Две недели претходно, во северна Индија, над 100 луѓе починаа од токсичен алкохол.