Утре министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на покана на заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, ќе престојува во официјална посета на Република Бугарија.
Како што соопшти македонското МНР, на средбата со Захариева ќе бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу двете пријателски држави, како и за можностите за зајакнување и унапредување на идната соработка во повеќе области од заемен интерес.
Во рамките на посетата, предвидено е Димитров да биде примен од претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.
Посетата се реализира само неколку дена по ратификацијата на протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.