Заминувањето на албанскиот премиер Еди Рама од функциијата е „најголемата национална мисија на секој Албанец, кој го сака своето семејство и своите деца”, изјави денеска лидерот на опозициската Демократска партија (ПД), Љуљзим Баша, по средбата со претседателите на партиските општински организации.
Баша изјави дека опозицијата нема да прифати избори со „наркомафијата и балканскиот Мадуро”, како што го нарече премиерот Рама.
– На 28 февруари и на 7 март ќе органиизраме национални протести пред криминалното собрание што ја узурпира зградата на Парламентот на Република Албанија, а на 16 март ќе одржиме уште еден голем национален протест за да го урнеме Еди Рама – балканскиот Мадуро, со кого нема да има избори. Протестите ќе имаат за цел да го максимализираат учеството на граѓаните и синдикатот и граѓанскиот гнев. Сезоната на протести што туку почна. Нема запирање. Никој нема да ја сопре енергијата на народот за заминување на злото и за да и се даде на Албанија иднината што ја заслужува. Таа ќе биде без Еди Рама, без накомафијата и олгарсите, рече Баша.
Тој нагласи дека е сигурно оти по чекорот направен во четвртокот, кога опозициските пратеници се откажаа од своите манадати, нема враќање назад, не само за опозицијата, туку и за Еди Рама, кого го обвини дека има „план да ги украде претстојните избори”.
– Планот што го подготви минатите месеци е кредење на идните избори. Заминувањето на Еди Рама денес е најголемата национална мисија што некогаш ја имал секој Албанец, кој го сака своето семејство и неговите деца. Нема да ги оставиме ниту претстојните избори, ниту судбината на Албанците во рацете на наркомафијата, која се подготвува да ги купи идните избори. Такво нешто нема да дозволиме. Демократската партија и обединета опозиција ќе ги преземат сите мерки, протест по протест, без никакви пречки и спречување на гневот на народот, се додека не го истераме овој разбојник и крадец од фотелјата, што тој ја украде со криминалот и криминалните пари и кој заборави дека власта му припаѓа и ќе му се врати на вистинскиот сопственик, а тоа е народот, посочи Баша.
Албанската опозиција е убедена дека со овој екстремен чекор ќе го принуди премиерот Рама да се повлече од власта и да се отвори пат за формирање преодна влада, која ќе спроведе слободни и фер избори.