Педесет и петгодишен такси возач утрово бил нападнат од страна на скопјанец кој бил во алкохолизирана состојба.
Според пријавата, патникот се качил на улицата „Народен Фронт“ и рекол дека нема да плати, па го удрил таксиметарот. Кога таксистот му кажал да излезе бил физички нападнат.
По документирање на случајот против напаѓачот ќе биде поднесен соодветен поднесок.