Актерот и комичар, Броди Стивенс (48) бил пронајден мртов во Лос Анџелес, пренесе „Њујорк пост“.
Ѕвездата од филмовите „Хенговер“ и „Дју дејт“ најверојатно се самоубил во петокот, соопшти полицијата.
Неговото тело било пронајдено синоќа, а полицијата води истрага и разговара со членовите на неговото семејство.
Броди кој играше полицаец во филмот „Хенговер“ беше и изведувач во најпознатите клубови во САД.
„Броди беше глас на инспирација, пријател на многумина и заеднички комичар. Ги помести креативните граници, а неговата страст кон работата и љубовта кон бејзболот беа заразни. Многумина го сакаа и на многумина ќе им недостига“, изјави неговиот агент.